Спортист сте, а не сте осигурани? Ова морате веднаш да го направите

33

Спортистите кои целиот свој живот го посветуваат на тренирање и натпреварување, се подложни на голем ризик. Една повреда во тренажниот процес, може да ги оддалечи од животната професија, од која заработуваат за живот. Токму тоа е и причината, за која се осигуруваат поради несакани последици во нивната кариера. Како по здравјето, така и по нивната спортска кариера.

Информацијата за спортистот – најважна карактеристика во осигурувањето

Но, ајде да видиме како осигурителните компании го почнуваат и го завршуваат процесот на осигурување на спортисти. Во осигурувањето негативната селекција е пазарен процес каде асиметричните информации предизвикуваат негативни резултати. Добар пример е здравственото осигурување на спортистите. Осигурителните компании зависат од клиенти со различна здравствена состојба. Поради тоа, потребата од одреден број здрави поединци (низок ризик) за да плаќаат премии и да не користат многу услуги. Меѓутоа, најголема веројатност дека ќе купат здравствено осигурување се спортисти на коишто им е потребно такво осигурување поради здравствени проблеми (висок ризик).

Оваа категорија луѓе се поголем трошок за осигурителните компании, бидејќи имаат потреба од повеќе услуги отколку здравите лица. Осигурителните компании не ја познаваат здравствената состојба на секој нов апликант – спортист. Меѓутоа прават сè што е во нивна моќ да дознаат што е можно повеќе за нивниот клиент. Поради овој недостаток на информации компаниите ги зголемуваат премиите за да го ублажат ризикот.

Случајот со кошаркарскиот репрезентативец Марко Симоновски

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Марко Симоновски пред година и пол на подготовките со репрезентацијата се здоби со повреда. Тоа се случи летото 2017 година, каде иако влечеше незгодна повреда, му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков. Тој тренираше од самиот почеток на подготовките, само неколку дена подоцна повторно се повреди, што на површина изнесе нов проблем. Тоа беше проблемот со осигурување на репрезентативците. Според пропозициите, Македонската кошаркарска федерација има задача да ги осигура репрезентативците пред настапот во националниот тим. Осигурувањето на репрезентативците е бесплатно. Се праќа список со имиња и со платите на кошаркарите според договорите кои се регистрирани во федерациите. Потоа ФИБА застанува позади договорот, којшто ја покрива платата на кошаркарот во случај на повреда. Но, поради административни пречки, федерацијата задоцнила со осигурувањето, а повредата е настаната на почетокот на подготовките на 20-ти јуни. Додека осигурувањето стапува на сила.

Според правилата на ФИБА, осигурувањето не прифаќа да ја покрие платата на кошаркарот, кој за тој период не бил осигуран. Во ваква ситуација, репрезентативецот Симоновски не може да биде исплатен за осигурената полиса. Сепак на крај, “куќата на спортот”- Агенцијата за млади и спорт, излезе во пресрет на репрезентативецот и ги покри трошоците, односно му исплати три плати на кошаркарот, за периодот на рехабилитација од повредата.