Spots – пловни платформи за одржување различни настани на Олимписките игри

55

pariz1

Француската архитектонска компанија ANSKA претстави алтернативно решение за одржување на спортски настани. Spots е серија на привремени пловни платформи што ќе се постават на водена површина каде може да се одржуваат мали настани за Олимписките игри во 2024 година, а овие модуларни системи може лесно да се монтираат или расклопат и да се постават на друго место, пишува ArchDaily.

pariznokj Пловните платформи ќе се постават на реката Сена, доколку Франција биде домаќин на Олимпијадата во 2024 година, но и на други места во градот каде што има вода.

Платформата може да служи како сцена за одржување на спортски манифестации, мини концерти, инфо центри или изложбен салон.

pariz2

Во зависност од ширината на реката во одредена зона платформите може да бидат одвоени од брегот и да делуваат како мали острови.

pariz3

Освен Париз, кандидати за одржување на Олимписките игри се Лос Анџелес и Будимпешта, а Меѓународниот олимписки комитет во септември оваа година, на конгрес во Лима ќе одлучи кој ќе биде организатор на игрите.