Square на Дорси купи биткоини вредни 170 милиони долари

45

Цената на биткоинот повторно порасна утрово по остриот пад, повторно достигнувајќи 50.000 долари. Тоа се случува поради тоа што американската компанија за електронски и мобилни плаќања, Square објави дека купила биткоини во вредност од 170 милиони долари.

На утринското тргување во четири часот по источноамериканско време, највредната дигитална валута во светот порасна за 7,5% достигнувајќи 50.683 долари, пренесува CNBC.

Square објави дека купува 3.318 биткоини по просечна цена од 51.235 долари и сега о оваа криптовалута има околу 5% од нејзината вкупна актива. Не чело на оваа компанија е првиот човек на Twitter, Џек Дорси.

Ова не е првпат Square да инвестира во биткоини, бидејќи и лани компанијата инвестираше 50 милиони долари во криптовалутата.

Фото: Pexels