Србија добива Банка за ракија

38

Belgrade Urban Distillery е дестилерија отворена пред 10 години, а од неодамна отвори и Банка за ракија, пишува Екапија.

“Српската Банка за ракија е место на коешто сите заинтересирани поединци и компании може да направат своја ракија и да станат клиенти на нашата ‘весела’ банка“, вели Бранко Нешиќ, сопственик на дестилеријата.

Клиентот со помош на вработените ги става состојките во буриња од 50, 100 или 220 литри, коишто после полнењето ги оставаат на чување до одреден датум.

“Бурето е постојано на располагање, а по одлежување од минимум шест, а максимум 36 месеци, клиентот го отвора бурето, го полни во шише со сопствена етикета“, додава Нешиќ.

Фото: Pixabay