Србија: Една милијарда евра од дознаки за четири месеци

26

Фото: Pixabay

Дознаки од дијаспората во првите четири месеци од оваа година надминаа една милијарда евра, што е за 2% повеќе во однос на истиот период лани, пишува Vesti.online.

Најголем процент од дознаките, дури 80% е во евра и доаѓа од земји каде што живеат најмногу Срби, а тоа се: Германија, Швајцарија, Австрија и Франција. Просечниот износ преку сметките на банките е околу 2.000 евра, а преку брз трансфер околу 260 евра.

“Дознаките традиционално претставуваат релативно стабилен прилив од странство од околу 8% од вредноста на бруто домашниот производ на годишно ниво“, велат од централната банка на Србија.

Дел од банката што ги регистрира Народната банка на Србија се испраќаат преку банки, но постои и нерегистриран дел што самите државјани од дијаспората го носат во својата матична земја.