Србија ги забранува пластичните кеси

30

Забраната за користење на пластични кеси во Србија ќе стапи на сила од први јануари 2020 година. Наместо досегашните пластични кеси, трговците во продавниците ќе мора да им понудат на потрошувачите пластична кеса којашто е биоразградлива, хартиена кеса или торба за пазарење.

Кесите за фрлање смет, како и други пластични кеси кои не се однесуваат на испорака на производи, не се опфатени со оваа одлука.

Контролата на продавниците ќе ја врши комунална инспекција, а предвидени се и големи казни доколку не се почитува оваа одлука, и тоа околу 1.200 евра (150.000 динари) казна за правно лице, а околу 200 евра (25.000 динари) за физичко лице.

Фото: Pexels