Србија го поедноставување ангажирањето на сезонски работници

13

Србија ќе добие нов закон за поедноставно ангажирање на сезонски работници во туризам и угостителство, градежништво и работи поврзани со помош во домот, а по пример на веќе постоечкиот закон за сезонски работници во земјоделието, јавуваат српските медиуми.

Планот е да се изработи нов документ којшто би требало да овозможи сите оние кои вршат некаква повремена работа да излезат од сивата зона во економијата.

Со новиот закон, како што се наведува, десетина илјади луѓе би преминале од сивата зона во легални текови во економијата.

Луѓето кои ги работат овие работи ќе имаат пензиско и здравствено осигурување што е посебно важно и во услови на пандемија кога многу луѓе остануваат без работа.

Фото: Freepik