Во Србија, според неофицијални информации, годишно се фрлаат над 250.000 тони храна. Податоците на Обединетите нации укажуваат дека во светот 1,3 милијарди тони храна во добра состојба завршува на отпад. Тоа е една третина од вкупната произведена храна во вредност од 750 милијарди долари.
Група млади лица од организацијата Donorum во Србија, развија онлајн платформа којашто ги спојува продавниците, маркетите и останатите произведувачи и дистрибутери на храна со посредници, народни кујни и други организации и крајни корисници – социјално загрозени лица, пишува Данас.
Апликацијата, како што се наведува, овозможува да се комуницира за распоредување на вишоците на храна.
Фото: Pixabay