Србија губи милијарда евра од туризмот годинава

33

Директорот на националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ рекол дека оваа година загубите во туристичкиот сектор може да достигнат околу милијарда евра, поради пандемијата, пренесува SeeBiz.

“Вкупната штета во туризмот, сметајќи ги загубите и на агенциите и на сите оние кои се занимаваат со туризам, би можела да биде околу милијарда евра, без загубата на авиокомпанијата Air Serbia“, вели тој, додавајќи дека штетата само од откажување на аранжманите на странските гости до крајот на јуни е околу 300 до 400 милиони евра.

Во првата фаза од попуштање на мерките на српските власти, со коишто се ограничува движењето на луѓето, не се планира повторно отворање на туристичките агенции.

Според него, туристичките агенции во земјата се соочуваат со сериозни проблеми и многу од нив се борат за опстанок.

Србија се обидува преку ваучери да го одржува домашниот туризам во живот.

Фото: Pixabay