Србија има 200 милијарди евра вредни резерви на минерални суровини

87

Проценетата вредност на резервите од минерални суровини во Србија е над 200 милијарди евра, изјавила министерката за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ.

“Србија нема да прави ништо што ќе ја загрози животната средина, била да станува збор за литиум, којшто е руда на 21-от век или нешто друго. Дури кога ќе знаеме дека литиумот може да се произведува на одржлив начин со заштита на животната средина, засега не размислуваме за фабрика за литиумски батерии и електрични автомобили, каде има раст насекаде во Европа“, рекла министерката.

Според нејзе, важно е земјата да создаде закони и да има добра инспекција, а оваа година е посебно важна за енергетскиот сектор во Србија.

Фото: Freepik