Србија има шанса и без море да добие пристаниште

158

За изградба на копнен терминал за контејнери, таканаречени “суви пристаништа“ на крајот на минатата година интерес покажа солунското пристаниште. Властите во Србија за РТС потврдуваат дека ја разгледуваат на иницијатива и можните локации.

Се смета дека со таканаречените “суви пристаништа“ значително ќе се олесни транспортот во југоисточна Европа.

“На пример, стоката што тргнува од Кина доаѓа со брод до Солун и наместо да се вади и претовара на камион и воз, таа продолжува со тој контејнер со воз и доаѓа до Србија. Секако, стоката нема да се вади од контејнерите сè до крајната дестинација, каде што треба да се царини“, вели Слободан Аќимовиќ, професор на Економски факултет во Белград.

Идејата е во создавање на таканаречени шатл возови коишто ги поврзуваат “сувите пристаништа“ со вистинското пристаниште и на тој начин се рационализира транспортот, односно префрлање на товарниот транспорт на железница.

Според експертите, контејнерскиот транспорт е поевтин, има побрза манипулација на стоката и со тоа се пониски трошоците за логистика.

Фото: Pexels