Србија: Иновативен уред за точење и чување вино

63

casi-so-vino-pixabay

Фото: Pixabay

Младиот претприемач од Србија, Бојан Лазиќ во соработка со тим научници од Машинскиот факултет во Белград, создадоа иновативен уред за точење и чување вино, пишува Дневник.рс.

Овој уред им овозможува на угостителите во исто време да имаат неограничен број на отворени шишиња скап и квалитетен пијалак, а гостите да ги послужат со една чаша без да се плашат дека остатокот ќе се расипе.

“Во уредот има гас аргон, којшто преку приклучок и чеп со вентил се става во шишето, во коешто се прави надпритисок, виното се потиснува од шишето и низ цевка на другиот крај од вентилот се става во чаша“, вели Милош Милошевиќ, научен соработник во Иновативниот центар на Машинскиот факултет во Белград.

Аргонот останува во шишето, коешто е херметички затворено, не реагира со виното, спречува влез на кислород и овозможува чување на остатокот од пијалакот во шишето.

Планирано е овој уред, со осум чепови во еден комплет, да чини околу 600 евра.