Србија: Извозот на ИТ услуги надмина една милијарда евра

20

Фото: Pixabay

ИТ услугите во Србија минатата година достигнаа нов рекорд со извоз од 1,135 милијарди евра, со што е остварен раст од 26% во однос на 2017 година, пишува Startit.rs.

Во 2017 година, извозот на услугите беше на ниво од 899 милиони евра.

За разлика од претходните години, кога туризмот и транспортот имаа поголем извоз од ИТ секторот, оваа година извозот на ИТ услуги е поголем за разлика од било која друга индустрија, вклучувајќи ги производите и услугите.