Србија ќе добие една милијарда долари кредит од Емиратите

45

dolariСрпскиот министер за финансии Лазар Крстиќ денес во Абу Даби треба да потпише договор за кредит од една милијарда долари. Заемот од Обединетите Арапски Емирати, според проценката на првиот потпретседател на Владата е под мошне поволни услови со кои ќе се заштедат околу 400 милиони долари за десет години.

Кредитот е прифатен со каматна стапка од 2%, рок на отплата од десет години, а со отплата се почнува шест месеци од датумот на повлекување на парите, пишува Танјуг.

Парите ќе бидат префрлени во една транша, веројатно на почетокот на вториот квартал на 2014 година, а не постојат никакви услови за нивно трошење.

Според Вучиќ, парите од заемот ќе бидат искористени за пополнување дупки во буџетот, за репрограмирање на најнеповолните кредити со камата од 7,5% што се подигани пред четири – пет години, но очекува барем еден дел од нив да се инвестираат во производство.