Србија ќе добие најголем соларен парк во светот

22

Изградбата на најголемиот соларен парк на светот, во кој ќе се инвестираат 1,75 милијарди евра, ќе почне да се гради на југот на Србија во април 2013 година, изјави за Танјуг менаџерот на инвестицискиот фонд Securum Equity Partners, Иван Матејак.

Според Матијак, соларниот парк кој би требало да биде еден од најголемите во светот, со моќност од еден гигават, ќе биде готов за три до пет години.

“Електричната енергија генерирана од соларниот парк ќе биде исклучиво за извоз”, изјави Матејак.

Соларниот парк ќе се гради на простор меѓу Ниш и Врање, а во рамките на проектот планирано е да се изградат три фабрики за производство на фотонапонски панели. За изградбата ќе бидат ангажирани 2.500 – 3.000 луѓе, а подоцна ќе се вработат 500 – 600 луѓе.

“Ја избравме Србија да инвестираме затоа што има 40% повеќе сончеви денови од Германија, на пример, која има најмногу инсталирани мегавати од фотонапонски системи”, вели Матејак.