Србија ќе дозволи инвестирање, но не и плаќање со биткоин

75

Српското министерство за финансии изработи нацрт закон за дигитален имот што ја признава вредноста на дигиталните записи и овозможува нивна трговија, пренесува Новости.

Надлежните во Србија порачуваат дека регулирањето на ова прашање на многу иновативни бизниси ќе им овозможи полесно финансирање.

Дигиталните валути се записи што може електронски да се купуваат, продаваат, разменуваат и пренесувааат. Може да се користат како средство за размена или за инвестирање, но нема да бидат законско средство за плаќање. Виртуелните валути не ги издава централната банка и таа не дава гаранција за нивната вредност.

“Благодарение на овој закон, бизнисмените полесно ќе ги финансираат своите иновативни идеи, а се отвора и можност за унапредување на ликвидноста и нивно вклучување на пазарот на дигитални валути“, вели српскиот министер за финансии, Синиша Мали.

Глобалната вредност на дигиталните валути во овој момент се проценува на повее од 300 милијарди долари.

Фото: Freepik