Србија ќе ги охрабрува фирмите сами да најдат свој начин на плаќање

21

payФото: Pixabay

Србија ќе ги охрабрува компаниите да тестираат иновативни решенија за плаќање без претходно да мора да се регистрираат кај платежните институции, пренесува Ekapija.

Идејата е на овој начин да се изнајдат современи креативни решенија за да им се олесни секојдневието на граѓаните кога станува збор за плаќање на производи и услуги.

Оваа пробно тестирање го дозволува Законот за услуги за плаќање што беше донесен во 2015 година. Сите компании или претприемачи кои ќе бидат заинтересирани да применат нов метод на плаќање нема да има потреба да бараат дозвола од Народната банка, само ќе треба да овозможат претходно нејзино мислење како и увид во целата процедура.

Оваа пракса во светот е позната како regulatory sandbox и се применува во оние држави каде што финансиските правила лесно се прилагодуваат на иновативните бизнис модели.