Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

82

Проблемот со недостиг од работна сила беше меѓу темите за коишто стана збор на овогодишниот Копаоник бизнис форум, а предвидувањата се дека Србија ќе мора наскоро да увезува работници, пренесува Екапија.

“Имаме два проблема кога станува збор за недостиг на работна сила. Ни недостасуваат и квалификувани и неквалификувани работници. Се плашам дека во најскоро време ќе мора да увезуваме работници од трети земји, Индија, Пакистан и Турција“, вели Драган Павелиќ, директор во компанијата Strabag.

Тој додал дека нискоградба во неговата компанија и понатаму се потпира на локалните капацитети и поголем е проблемот со високоградба. Според него, посебно е значаен проблемот со недостиг од образовани работници, пред сè инженери.

“Висококвалификуваната работна сила заминува на запад и драго ни е кога одат во Strabag во Австрија или Швајцарија, но од друга страна тоа ја ослабнува нашата позиција во Србија. Таа работна сила не можеме да ја увезуваме од трети земји и тоа е проблем“, рекол Павелиќ.

Фото: Pexels