Србија ќе вакцинира бизнисмени од регионот

159

Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, организираше имунизација на илјадници нивни бизнисмени и вработени во компании и продолжува со вакцинирање, а во таа акција обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, објави ПКС.

По средбата со министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојиќ, претседателот на ПКС. Марко Чадеж рече дека викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени.

“Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да го надминеме ова зло. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број наши бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да ги зачуваат своите економии, затоа што само на овој начин целиот регион може да оди напред “, рече Чадеж.

Чадеж рече дека постапката за имунизација на бизнисмените од регионот е крајно едноставна.

“Потребно е само компаниите од регионот да контактираат со своите стопански комори, кои ќе организираат вакцинација во Белград во координација со ПКС“, рече Чадеж.

Фото: Pixabay