Србија: Клуч на врата за фирмите што работат на црно

52

Cyprus Financial Crisis

Од 1 јули, во Србија ќе се воведат нови мерки за сузбивање на сивата економија, а ќе се затвораат и локалите кои не издаваат фискални сметки и вработуваат рарботници на црно, соопштува Министерството за финансии, пренесуваат српските медиуми.

Првиот пат кога сопственикот ќе биде фатен дека не издал фискална сметка, неговиот објект ќе биде затворен на седум дена, а ако се повтори истото дело, ќе биде затворен 14 дена. За трет прекршок, објектот ќе биде затворен на 30 дена, што би значело крај на работењето на фирмата.

Државниот секретар на министерството за финансии, Никола Ќорсовиќ, очекува мерките за борба против сивата економија оваа година да донесат околу 100 милиони евра во буџетот. Контролата на издавањето фискални сметки и работа на црно ќе биде зголемена 8-10 пати. Бројот на контролори ќе се зголеми за четири пати, па месечно ќе се прават и по две проверки, и попладне и за време на викенди.

Со новите мерки планирано е да се зголемат казните за затајување на данокот. Со мерките ќе се спречува шверцот на акцизна стока, пред се гориво и тутун, перење на пари, работа на фантомски фирми и контрола на богати даночни обврзници преку накрсна контрола на имотот и приходот.