Србија: Мораториум од 90 дена на отплата на кредити

289

Централната банка на Србија, на вонредна седница, донесе одлука со којашто се пропишува застој во отплатата на обврските на должниците (мораториум), пренесуваат тамошните медиуми.

Целта на одлуката е зачувување на стабилноста на финансискиот систем поради последиците од ширење на коронавирусот.

Овој мораториум ќе важи за сите должници кои тоа го сакаат (физички лица, земјоделци, претприемачи и земјоделски друштва), а подразбира застој во отплатата на обврските што не може да биде пократок од 90 дена, односно од моментот на воспоставување вонредна состојба што е воведена заради прогласената пандемија.

Во овој период, должникот нема да има обврска да ги отплаќа своите обврски по основ на кредит, односно лизинг.

Додека трае прогласената вонредна состојба, банките нема да пресметуваат затезна каматна на доспеаните, а неизмирени побарувања и нема да започне постапка за извршување, односно принудна наплата.

Фото: Pexels