Србија од видео игри заработува од 50 до 100 милиони евра годишно

55

Се проценува дека компаниите што произведуваат видео игри во Србија во текот на минатата година оствариле приходи меѓу 50 и 100 милиони евра, покажуваат податоците на Асоцијацијата на индустријата видео игри од Србија.

Најголем дел од компаниите што прават видео игри имаат седиште во Белград – 38%, додека 14% се регистрирани во Нови Сад. Четири компании имаат седиште во Ниш, а по една во Врњачка Бања, Вршац, Горни Милановац, Панчево и Црвенка, пренесува РТС.

Во текот на 2018 година, објавени се повеќе од 70 видео игри, а од тоа 74% издавале сопствени игри, додека 20% пуштаат во продажба игри од друг издавач.

Најголем дел од компаниите се занимаваат со производство на видео игри за мобилни платформи, додека голем процент прави игри за компјутери, конзоли и интернет платформи.

Фото: Pexels