Србија планира да ја произведува руската вакцина

30

Србија ќе инвестира колку што е неопходно за да може до крајот на годината да почне со домашно производство на руската вакцина Sputnik V, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој за Ројтерс изјави дека со рускиот претседател, Владимир Путин, за тоа постигнал “иницијален договор“.

Се очекува тим од руски експерти да ја посетат Србија заради разговори околу локално производство на вакцината до крајот на годината.

Целта е Србија, не само Sputnik V да го произведува за сопствени потреби, туку и за извоз во регионот.

Србија има повеќе од пола милион вакцинирани или 7,5% од вкупната популација, со што глобално е четврта со највисока стапка на имунизација на зад Израел, Велика Британија и САД.

Фото: Freepik