Српскиот министер за заштита на животна средина, Горан Триван вели дека се водат преговори за исфрлање од употреба на пластични предмети за еднократна употреба, пренесува РТС.
Тој најавил дека земјата планира да ја укине пластиката за еднократна употреба и оваа година ќе започнат да преземат мерки што се однесуваат на таа забрана.
Ваков вид на забрана ЕУ ќе воведе од 2021 година. Тоа значи дека приборот за јадење за еднократна употреба, како што се пластични чинии, сламки, стапчиња за уши направени од пласти, пластични стапчиња за балони, кутии за храна од експандиран полиестер, ќе бидат забранети за користење.
Податоците говорат дека над 80% од морскиот отпад е пластика, а производите што се забрануваат сочинуваат околу 70% од сите предмети што може да се најдат на морското дно.
Земјите членки на ЕУ до 2029 година ќе мора да овозможат повторно собирање на 90% од употребените пластични шишиња, а до 2025 година најмалку 25% од материјалот од којшто се изработени мора да биде соодветен за рециклирање. До 2030-та година уделот од 25 треба да се зголеми на 30%.
Фото: Pexels