Србија почна да ги чувствува последиците од корона вирусот

78

Србија веќе ги чувствува последиците од корона вирусот во Кина, особено во туристичкиот сектор. Голем број аранжмани во Белград што беа планирани за февруари и март се откажани, па е тешко да се очекува прогнозите за прилив и број на туристи од Кина да се остварат, пишува Политика.

“Засега аранжманите ги откажуваат само туристи од Кина, но не и гости од другите земји. Минатата година имавме околу 145.000 кинески туристи, оваа година требаше да имаме повеќе од 200.000 гости“, вели министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Проценките говорат дека на ниво на Европа, бројот на кинески туристи е намален меѓу седум и 25%. Во апсолутни бројки , тоа би било од еден до три милиони евра помалку. Овие податоци не се за изненадување, бидејќи кинеската влада уште на 27-ми јануари забрани групни меѓународни патувања, додека за 30% од светските авиокомпании досега ги запреа летовите кон Кина.

На пример, Тајланд очекува загуба од 9,7 милијарди долари, а во Италија се проценува дека намалените туристички приходи ќе бидат околу пет милијарди долари. Австралија и нејзината туристичка индустрија, по катастрофалните пожари што го намали бројот на туристи, сега се најде пред нови проблеми, со оглед на тоа дека го забранила влезот во земјата на патници од Кина.

Фото: Pexels