Србија подготвува црна листа на лоши изведувачи на работи

38

zorana mihajlovic

Сите изведувачи на важни инфраструктурни проекти во иднина ќе бидат сместени на црна и бела листа, најави потпретседателот на српската влада и министер Зорана Михајловиќ.

Оваа одлука следи откако на делницата Уб – Лајковац, што треба да биде завршена до 30 ноември, забележала полупразно градилиште. На целата траса на идниот автопат кон Црна Гора од Уб до Лајковац од предвидените 210 таа затекнала само околу 50 работници.

Таа потсети дека државата го продолжила рокот за изведување на работите на фирмите Планум и Патишта Ужице, под услов до предвидениот рок да се заврши оваа делница долга 12,5 километри, што се гради уште од 2010 година.

“Со анекс на договорот е утврдено дека изведувачот на работите мора да достави прецизна динамика, со колку работници и што ќе се работи. Државата повеќе нема да ги толерира тие работи. Уште една ваква контрола и може да се случи изведувачот да ја загуби работата“, вели Михајловиќ.