Србија развива тест за коронавирус што ќе детектира и мутациии

36

Србија развива домашен антигенски тест за коронавирус што ќе може да детектира и мутации и нови видови на вирусот, а Тања Ќирковиќ Величковиќ, професорка на Хемискиот факултет во Белград и шеф на тимот што работи на овој проект, вели дека основниот тест може да биде готов до крајот на оваа година.

“Верувам дека имаме потенцијал да бидеме регионален центар за производство на вакви тестови за брзо откривање на коронавирусот, дури и мутирани соеви и нови закани од тој вид“, вели Величковиќ.

Се работи за тест што ги комбинира карактеристиките на антигенскиот и ПЦР-тестот, поточно мултипликацијата што се прави при ПЦР-тестирањето, кога гените на вирусот се мултиплицираат милијарда пати за да може да се детектираат.

Според професорката на Хемискиот факултет, тоа ќе ја зголеми чувствителноста, а со тоа и веродостојноста на тестот.

Тимот на Величковиќ предложил уште две новини што треба да ги направат тестовите посигурни, а сите компоненти на тестот ќе бидат произведени во Србија.

Таа вели дека во овој момент не може да процени за колку време би биле готови резултатите по употребата на ваков тест, бидејќи таа фаза од истражувањето ќе започне да се изведува следната година.

На прашањето кога може да заврши основниот тест, таа рече дека тоа е можно до крајот на годината, но не може да каже со 100 процентна сигурност.

Величковиќ смета дека Србија треба да се позиционира како лидер во регионот за биотехнологии и протеинска биохемија.

Фото: Pixabay