Србија: Само 40% од фирмите и продавниците издаваат фискални сметки

123

fiskalna kasa

Фискални сметки издаваат четири од 10 фирми во Србија, а 45,5% од касите никогаш не испратиле извештај за трансакциите до Даночната управата, соопшти Националната алијанса за локален економски развој на Србија (НАЛЕД), пишува Бета.

“Постоечкиот систем на фискални каси е воведен пред повеќе од 10 години и денес технологијата што ја користиме веќе е застарена. Државата не само што нема увид преку сметките за која стока се тргува и во која количина, туку ги нема сите податоци за трансакциите“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека големиот број на исклучоци од обврската за фискализација доведе до конфузија кај граѓаните за тоа кој треба да им издаде фискална сметка и од кого може да побараат потврда за направена трансакција.