Србија: Своите производи не ги извезуваат дури 91% мали и средни претпријатија

46

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Малите и средни претпријатија ретко ги пласираат своите производи надвор од Србија. Добар дел од нив не ги праќаат подалеку од местото каде што работат. Во Србија, зависно од проценката, најмалку 4%, а најмногу 9% од производите на малите и средни претпријатија стигаат до странски купувачи. Со вакви бројки, Србија е под европскиот просек, каде има скоро 12% извозници од овој сектор. Најдобри се Данците, каде секое петто мало и средно претпријатие е конкурентно и на пазарите надвор од земјата, пишува Новости.

Анкетата за работењето на 1.000 претпријатија покажува дека дури 91% мали и средни претпријатија не извезуваат. Од малиот број семејни бизниси што извезуваат на странски пазари, две третини стигаат само до пазарите на поранешните југословенски републики, покажува истражувањето на проектот на УСАИД за подобри услови за работење.

Искусните извозници објаснуваат дека треба да се биде доволно силен за да се издржи додека се чека наплата. Втор проблем е континуираното производство, затоа што кога ќе се најдат дистрибутери, тие очекуваат постојан дотур на стока.