Србија во февруари ја посетиле 117.252 странци, главно Руси

11

Според податоците на Републичкиот завод за статистика, Србија во февруари ја посетиле 117.252 странски туристи, а најбројни биле Русите со 11.355 пристигнати.

Втори по бројност биле туристите од Босна и Херцеговина, од каде што се регистрирани 10.002 пристигнувања, Хрватска 9.315, Турција 7.832 и Бугарија 7.539 пристигнувања.

Интересно е што се забележани 7.188 посети од далечната Кина.