Србија: Во околината на Бор потврдено значајно наоѓалиште на злато

77

zlato

Резултатите од геолошките истражувања на американската рударска компанија Freeport McMoRan, во околината на Бор се одлични, изјави српскиот министер за рударство, Александар Антиќ, пишува Екапија.

Станува збор за значајно наоѓалиште што, според него, би можело да биде од светска класа.

Тој не сакал да ги коментира податоците што се појавуваат во медиумите, но додал дека истражувањата даваат одлични резултати.