Србија воведува “е-странец“

31

Од први јануари во Србија се воведува “е-странец“ – електронско аплицирање во националните служби, за да можат работниците пред да дојдат во Србија да им биде одобрена дозволата за работа, јавува РТС.

“Секој граѓанин на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да ја преминат границата со лична карта или пасош. Доколку пронајдат работа, ќе можат електронски да аплицираат за продолжување на престојот од 90 дена и ќе бидат пријавени во Централниот регистар“, вели Зоран Ѓорѓевиќ, министер за труд на Србија.

За странските државјани, во тој случај, ќе важат истите правила и процедури како и за домашните работници.

На ред е усогласување на прописите со ресорните министерства во Македонија и Албанија.

Фото: Pixabay