Србија за пет месеци остварила 588 милиони долари суфицит со ЦЕФТА

40

dolariВо првите пет месеци од оваа година, Србија во размена со земјите од ЦЕФТА остварила суфицит од 588,3 милиони долари, што е резултат главно на извоз на земјоделски производи, хартија и картон.

Србија во земјите од ЦЕФТА најмногу извезувала житарици, производи од житарици, разни видови на пијалоци, хартија и картон. Во истиот период, од јануари до мај, Србија увезувала железо и челик, електрична енергија и производи од неметални минерали, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, пренесуваат српските медиуми.

Србија во 2012 година во размената со земјите од ЦЕФТА оствари суфицит од 1,32 милијарди долари. Регионот на ЦЕФТА е еден од пазарите на кои Србија има континуиран суфицит во размената, односно повеќе извезува отколку што увезува и е втор пазар по значење после ЕУ.