Кога решаваат да запливаат во бизнис водите, граѓаните на Србија најчесто отвораат бутик или кафуле. А кога бизнисот нема да им тргне, не се откажуваат, ја затвораат фирмата и отвораат нова, под друго име, пишува Вечерње новости.
Малиот бизнис од овие дејности со години е прв на списокот на Агенцијата за стопански регистар кога станува збор за бројот на основани и на затворени фирми. Минатата година во регистарот се запишани вкупно 29.102 претприемачи и 8.209 деловни субјекти. Во истиот период од пазарот исчезнале 27.068 бизниси и 2.601 деловен субјект.
Меѓу топ 10 дејности кога се во прашање деловните субјекти, лани најмасовно се отворале трговии на големо, а меѓу претприемачите најмногу има во областа на угостителството.