Србите плаќаат најевтина струја, по нив Македонците, а Хрватите најскапа

48

Граѓаните на Србија плаќаат најевтина струја во југоисточна Европа, а електричната енергија во оваа земја е напола поевтина отколку во земјите во регионот, покажува мини истражувањето на агенцијата Анадолија, пренесува Seebiz.

Киловат час во Србија чини 0,051 евра, но треба да се има во предвид дека просечната месечна плата е скоро најниска во регионот и изнесува 380 евра. Постои можност од јануари струјата во оваа земја да поскапи за 20% или 25%.

По Србите, најевтина струја користи Македонија, каде киловат час чини 0,069 евра. Од останатите земји од југоисточна Европа, следуваат Црна Гора со 0,077, БиХ 0,082 и Албанија 0,091 евра по киловат час.

Од земјите во регионот, најскапа струја плаќаат граѓаните на Хрватска. Според последните податоци на Евростат, цената на струјата во Хрватска е 0,11 евра по киловат час. Високата цена не е за изненадување, со оглед на тоа дека Хрватска увезува скоро 60% од електричната енергија и значително зависи од движењето на цената на регионалниот пазар. Хрватска купува струја главно од БиХ, Србија, Унгарија и Словенија. Просечната плата во оваа земја е меѓу највисоките во регионот и изнесува 730 евра.

Сепак, цената на струјата во регионот е значително под европскиот просек од 0,1275 евра за киловат. Според Евростат, најскапа струја плаќаат Ирска, Малта и Велика Британија, а најевтина во европски рамки плаќаат граѓаните на Бугарија 0,070, Романија 0,079, Турција 0,105 и Словенија 0,119 евра по киловат час.

Аналитичарите тврдат дека затворањето на нуклеарките ширум Европа автоматски доведе до раст на цената на електрична енергија на меѓународниот пазар, но неповолно влијание врз цената имаа и сушите во Европа.