Среброто има голем потенцијал

86
Silver metallic slanted lines textured background vector

Среброто порасна за 22% во период од 28-ми јануари до први февруари, надминувајќи го нивото од 30 долари првпат за осум години.

Овој благороден метал игра важна улога во индустријата, исто така има голем потенцијал поради “зелената“ политика на американскиот претседател, Џо Бајден.

Во август, Bank of America напиша дека со победата на Бајден се очекува да расте вредноста на среброто и да достигне 50 долари.

Фото: Freepik