
Шри Ланка ја прогласи средата за државен празник за да заштеди гориво.
Островската нација во Јужна Азија се соочува и со потенцијален недостиг на гориво поради војната меѓу САД и Израел со Иран.
Ова е најновата во низата мерки за штедење што азиските земји ги презедоа откако конфликтот го блокираше Ормутскиот теснец, клучен пат за транспорт на милиони барели нафта од Заливот до регионот, пишува Би-Би-Си.
„Мораме да се подготвиме за најлошото и да се надеваме на најдоброто“, изјави претседателката Анура Кумара Дисанајаке на вонреден состанок на високи функционери.
Речиси 90 проценти од целата нафта и гас што поминаа низ теснецот минатата година беа наменети за Азија, најголемиот регион увозник на нафта во светот.
Новата четиридневна работна недела во Шри Ланка ќе важи за училиштата и универзитетите, но нема да влијае на јавните институции како што се здравствените и имиграциските власти.
Среда беше избрана наместо петок за да не бидат затворени владините канцеларии три дена по ред.
Само 15 литри нафта неделно: Во Шри Ланка воведен строг режим
Возачите мора да се регистрираат и за Национална карта за гориво, која ја ограничува количината на гориво што едно лице може да го купи.
Секако, таквата мерка предизвика незадоволство кај некои жители кои сметаат дека квотите се премногу ниски, 15 литри за патнички автомобили и пет литри за мотоцикли.











