Среде епидемија ја напушти работата и почна свој бизнис, а ова се нејзините совети

729

Полина Маринова е основач на компанијата The Profile, платформа којашто овозможува увид во профилите на успешните луѓе и компаниите. Меѓутоа, нејзината приказна почнува во редакцијата на магазинот Fortune, каде работела како новинар и уредник и ја напуштила во екот на пандемијата поради својот старт – ап.

Откако почна епидемијата со коронавирус, таа одлучила да ја напушти сигурната работа и целосно да се посвети на својата компанија којашто е основана уште во 2017 година.

“Компаниите престанаа да работат нагло, луѓето ги загубија своите работни места, а целиот свет беше во колективен шок. Се чувствував како моите најдлабоки стравови да се реализираат преку ноќ“, објасни Маринова.

Според неа, во зависност од тоа кого ќе прашате, одговорите на прашањето дали ова било најдобро или најлошото време за започнување бизнис се различни. Сепак, ни таа не го знаеше одговорот на прашањето.

“Она што го знам е дека среде целиот овој хаос, сепак имав доверба во мојата одлука“, рече таа.

Овие важни работи ги научил:

Пронајдете креативен начин да понудите (повеќе) квалитет(и)

Ништо не е поважно од квалитетот. Луѓето ќе ви веруваат ако знаете за што зборувате и само ако редовно можете да понудите квалитет.

“На пример, мисијата на The Profile е да учиме од најинтересните луѓе и компании. Кога велам дека прочитав илјадници профили, морам да се поткрепам“, рече таа.

За да заработите пари од што било, прво мора да бидете сигурни дека е со добар квалитет и со текот на времето продолжува да добива на вредност.

Опкружете се со луѓе на кои им се восхитувате

Постои изрека која вели: “Покажи ми ги твоите најблиски и ќе ти ја покажам иднината“.

Доследноста е најдобриот начин за стекнување доверба

Немаме доверба во луѓето, како на работа така и во животот, кои постојано ги кршат своите ветувања. Според Маринова, од започнувањето на The Profile, испраќањето на билтенот до конкретна електронска адреса не е пропуштено за три години.

“Ова значи дека читателите од последните 176 недели би можеле да веруваат дека овој билтен ќе биде во нивното сандаче за е-пошта без оглед на тоа што се случува во светот. “Дури и глобалната пандемија не можеше да го спречи тоа“.

Издвојте се така што ќе направите нешто оригинално

“Во овој живот, имаме само два избори: создадете или копирајте“, вели таа. Мотивацискиот говорник Тим Урбан еднаш објасни колку е тешко да се создаде оригинално дело соочено со конвенционалната мудрост. “Кога се обидувате да создадете нешто навистина оригинално, правите многу грешки. Оригиналите се неред“, рече тој.

Фото: Facebook