Среде скандал европскиот гигант поднесе барање за банкрот

379

Германската команија Wirecard денеска поднесе барање за банкрот среде скандалот со исчезнати 1,9 милијарди евра.

По објавување на информацијата, тргувањето со акциите на компанијата прекинато е на еден час.

“Управниот одбор на Wirecard денеска одлучи да поднесе барање за банкрот во надлежниот суд во Минхен поради несолвентност и презадолженост“, се наведува во соопштение на компанијата.

Поранешниот директор, Маркус Браун пуштен е од притвор откако платил кауција од пет милиони евра.

Браун беше уапсен поради обвинение за фалсификување на компаниски сметки за дигитално плаќање, а ќе мора еднаш неделно да се јавува во полиција додека трае истрагата.

Пред неколку дена ревизорот на финтек компанијата објави дека на сметките на компании недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Основана во 1999 година, Wirecard некогаш важеше за една од најперспективните технолошки компании во Европа. Компанијата, која има скоро 6.000 вработени во 26 земји низ светот, објави приходи од над две милијарди евра (2,2 милијарди долари) во 2018 година. Акциите достигнаа ниво над 190 евра во септември 2018 година, истиот месец компанијата ја замени Commerzbank на германскиот список на 30 најдобри компании.

Фото: Facebook