Средствата за отплата на обврзницата за 2020 година ќе се пренаменат за ублажување на последиците по економијата

41

На оваа седница Владата донесе Уредба со законска сила за изменување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Северна Македонија, која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба и која утврдува дека отплатата на главницата на обврзницата за надоместување на селективните кредити на Народна банка на Република Северна Македонија ќе се изврши на први април 2021 година, стои во соопштението.

Продолжувањето на рокот за отплата на обврзницата утврден со оваа Уредба е со цел средства од Буџетот за 2020 година наменети за отплата на обврзницата да се искористат за справување со последиците што корона вирусот ги има врз економијата во земјата.

Фото: Pixabay