Среќен викенд за среќни деца во Рамстор

107

ramstore

Овој викенд во Рамстор, како последен од среќните шопинг викенди исполнети со забава и големи попусти, ќе биде посветен на најмалите.

Преку целиот викенд од 12:00 до 15:00 часот тие ќе можат да учествуваат во креативни детски работилници во склоп на игратеката Dream Land, да се едуцираат со Др. Зајко и да се забавуваат и уживаат во ритмички точки, рецитали и хорски изведби на децата од основното училиште Круме Кепески.

 

Рамстор повторно не ги изоставува подароците кои ќе им бидат доделени на најкреативните дечиња. Овој викенд е викенд исполнетет со многу забава и попусти.

Рамстор ќе продолжи да ве изненадува и во декември. Се најавуваат многу подароци, награди, попусти и интересни доживувања.

Vikend posveten na najmilite