Српска апликација открива лажни пари и пресметува камати

71

pari

Миодраг Пенчиќ, дипломиран инженер по електроника и програмер, разви корисна апликација за Андроид телефони што може да ја пресмета банкарската камата, но и да открива фалсификувани банкноти. Неговата апликација се користи во повеќе од 120 земји.

“Како што паметните телефони стануваат сè популарни и раширени, идејата беше да се направи пресметка на каматите преку апликација на смартфон, имајќи предвид дека телефонот секогаш ни е при рака“, вели Пенчиќ, пишува Србија данас.

Апликацијата може бесплатно да се преземе од Google Play продавницата. Bнесени се и каматните стапки што важат за Македонија и земјите во регионот: Хрватска, Словенија, Црна Гора, Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина.

За да се добие прецизна пресметка, потребно е редовно да се ажурира апликацијата, бидејќи на тој начин се внесуваат најновите објавени каматни стапки.

Во откривањето на фалсификувани банкноти, оваа апликација функционира на тој начин што кога ќе го внесете серискиот број на банкнотата, добивате информација дали е фалсификат или оригинал.