Српска државна обврзница дел од од индексот на JP Morgan за земјите во развој

34

Вклучување на обврзницата на Србија во JP Morgan индексот на државни обврзници на земјите во развој е успех за земјата и потврда за квалитетот на српските обврзници на светскиот пазар, оцени тамошниот министер за финансии, Синиша Мали.

“JP Morgan индексот го следат сите сериозни професионални инвеститори во светот, а тоа значи дека ќе ја имаат Србија на радарот за потенцијални инвестиции. Многу работевме на ова во изминатиот период, а посебно во контекст на развој на домашниот пазар на капитал“, рекол Мали.

Според него, Србија постигнала напредок во зајакнување на ликвидноста на секундарниот пазар на државни хартии од вредност, што придонело вклучување на српската обврзница во овој индекс.

Од февруари оваа година, кога било најавено вклучување во индексот, забележан бил значаен пораст на прометот на секундарниот пазар.

Фото: Pexels