Српската апликација Car:go достапна во Црна Гора

22

car-go-aplikacija-facebook

Фото: Facebook

Апликацијата Car:go, на истоимениот српски старт – ап, слична на познатиот Uber, е достапна во Црна Гора, пишува Bankar.me.

Преку оваа апликација, корисникот може да повика возило преку мобилен телефон, а возачите не се такси превозници. Плаќањето на услугата може да се изврши на три начини: во готово, за минимален износ од едно евро, со кредитна картичка, за минимален износ од 2,5 евра и налог од компанијата, што носи дополнителни бенефити за компаниите што ќе склучат договор со Car:go.

Услугите на овој старт – ап се наплаќаат по однапред утврден ценовник, што вклучува цена за старт, минути (поминати во возење) и поминати километри.