Српската влада го зголеми ДДВ-то на 20%, се зголемуваат акцизите на цигарите

50

Акцизите на цигарите ќе бидат повисоки до 30 октомври 2013 година, со што акцизата се зголемува од 33 на 43 динари. Владата на Србија го усвои и ребалансот на буџетот за 2012 година. Властите во Србија уверуваат дека ќе ги заштитат најсиромашните слоеви. Платите пак и пензиите ќе се зголемат за 2%.

Владата одлучи и да се зголеми акцизата на дизел горивото, а данокот на дивиденда од камата е зголемена од 10% на 15%. Владата одлучи дека највисоката плата во јавниот сектор може да биде 162.000 динари.