Српската Влада не забранила за увоз на домати од Македонија

19

222Агенцијата Бета повикувајќи се на извори до српското министерство за внатрешна и надворешна трговија јави дека Србија нема воведено никакви официјални мерки на реципроцитет против Македонија, која го ограничи увозот на брачно и пченица од Србија.

Српското министерство тврди дека не добиле информации за тоа дека не би дозволен увоз на домати од Македонија во Србија, како што јавија претходно некои медиуми.

Претставник на министерството за земјоделие, пак, за агенцијата Бета кажа дека на инспекторите на граничниот премин Прешево вчера им биле пријавени две пратки на домати со потекло од Македонија, на кои им бил дозволен увоз во Србија.

“По извршените редовни прегледи согласно Законот за здравје на растенијата и законот за безбедност на храната, на пратките им е дозволен влез и царинење”, велат од српското министерство за земјоделие.