Вук Губериниќ, директор на компанијата CarGo Technologies, претстави нова функција на апликацијата CarGo, а тоа е бизнис класа, пишува агенцијата Бета.
Тој најави дека до крајот на годината, членовите на здружението CarGo на располагање ќе имаат флота од 150 црни лимузини, коишто ќе сообраќаат на улиците низ Белград, а ќе чинат околу шест милиони евра.
“CarGo почна како мал српски старт – ап пред пет години, а оваа година се најде на листата на 10 најиновативни компании што го менуваат пазарот на магазинот Forbes. Горди сме на тоа што нашиот софтвер е самоодржлив, што значи дека сами ги финансираме своите инвестиции“; вели Губериниќ.
Во флотата ќе се најдат автомобили од типот Volkswagen Arteon, Toyota Camri, Jaguar, а освен нив, во бизнис класата ќе има и 10 електрични автомобили од висока категорија.
Фото: Pixabay