Српски доктор направи лек за коронавирус и стана милионер

629

Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот во Саутемптон, дојде до големо откритие во лекувањето на пациенти заразени со коронавирус.

Српскиот стручњак и професорите Стефан Хојгејт и Дона Дејвис откриле пред 20 години дека протеинот интерферон бета кој помага при настинки им недостасува на оние што страдаат од астма и хронични заболувања на белите дробови.

Врз основа на тоа, нивната компанија ја развила неговата замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува Guardian.

Клиничката студија за нивниот лек SNG001, базиран на интерферон бета, е завршена пред неколку дена и покажа дека пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија отколку со плацебо.

Примерок од 101 пациент открил дека шансите за развој на тешка форма на болеста се намалени за 79%, додека чувството за губење на здивот исто така е драстично намалено.

Директорот на компанијата Ричард Марсден е пресреќен од резултатите.

“Нема ништо подобро за нив отколку да видат дека лековите третираат вистински пациенти, а притоа заработуваат пари“, рече Марсден, откако акциите на неговата компанија скокнаа за 540% неколку часа по објавувањето на студијата на 21 јули.

Од почетокот на годината, вредноста на овие акции се зголеми за неверојатни 3.000%.

Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично станаа милионери преку ноќ, така што 0,56% од акциите на Ѓукановиќ сега вредат околу 1,75 милиони евра.

Фото: YouTube Printscreen