Српски инженери направија тунел за дезинфекција

105

Инженери од компанијата Trefoil inženjering од Кралево, за само пет дена во време на вонредна состојба проектираа и го направија Higija sistem – тунел за деконтаминација и дезинфекција на луѓе и предмети.

Првиот тунел го донирале и поставен е пред привремената болница на Белградскиот саем. Компанијата работи со полн капацитет, а за неполни два месеца испорачани се повеќе од 50 машини со различен капацитет во Србија, како и десетина тунели на пазарите од Западен Балкан и ЕУ. Во наредниот период, планираат да купат нова опрема, да го зголемат производството и со поддршка од Стопанската комора на Србија да ја унапредат продажбата во странство.

Низ тунелот за еден час може да поминат и да се дезинфицираат 650 лица.

Системот има одличен ефект со минимална потрошувачка на електрична енергија и средства за дезинфекција. Погоден е за инсталација пред училишта, болници, трговски и логистички центри, фабрики, плоштади. Higija може да се инсталира на отворено, а може да се инсталира и во објекти.

Фото: Facebook