Српски пејач во преговори да го купи Танјуг

204

Компанијата Minacord media, којашто е во сопственост на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, е во преговори да ја купи тамошната новинска агенција Танјуг, дознава Блиц.

Според информациите, преговорите за преземање на Танјуг се во тек, а во следните денови би требало да се знаат сите детали.

Владата на Србија во 2015 година донесе уредба за затворање на новинската агенција Танјуг. Уредбата за правни последици од престанок на работа на Танјуг дојде по две неуспешни продажби во рамки на приватизација на државните медиуми. Следниот чекор, според уредбата, треба да биде бришење на Танјуг од регистарот на Агенцијата за регистри, што изостана.

Minacord media е сопственик и на неколку кабелски канали што се емитуваат во Србија.

Фото: Freepik